Колку жална, тажна, очајна е уствари мојата, нашата генерација


Колку жална, тажна, очајна е уствари мојата, нашата генерација. Растени во распадната држава. Под санкции и ембарга. Криза за нафта, леб и млеко. Со мрачни транзиции. Драматично сиромашни и ултра богати тајкуни и магнати. Во комшиски и домашни војни. Со константни уцени и закани. Во карантин со визи. Со стравови, дали уопште ќе не биде или не. Раселени, избегани, отуѓени. Неприфатени и непризнаени. Со гасни комори за шиптари и бесилки за каури. Раскарани и поделени, браќа и сестри, кумови и роднини. Ден без политика, како ден без вода. Секое ново сонце, исчекување…

Сега да не пренесат на Бали, пола ќе исцркаме од возбуда, другата половина од инфаркти… пошто не сме научени да живееме без стрес.

Искрено се надевам дека децата ќе ни растат во поубав и помормален свет. Ние и така сме веќе…. отидени!

Фејсбук статус: Александар Чоне Чоневски

Посетено 1.962 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!