Колективно недоквакано (затоа шо Јунг ваљда никогаш не истражувал по Балканот)

Колективно недоквакано
(затоа шо Јунг ваљда никогаш не истражувал по Балкано)

Јунг вика дека без разлика на која култура или епоха припаѓаш, за сите важи едно исто ‘Колективното несвесно’. Под тоа у наводниците се подразбира дека структура на несвеснио ум е конструирана од сеопшти искуства шо важат за целото човечанствиЈе (шо би рекле академиците од МАНУ шо не знаат мејл да испратат)

Тие искуства и традиции ги наречел ‘примордијални слики’ или ‘архетипови’. Кажува исто и дека индивидуалното свесно не е ништо друго освен Табула Раса и дека уопште не е имуно на тие архетипови. Надоградува ја фројдовата идеја за ‘примална хорда’. Значи, за да индивидуата стане индивидуа, мора да помине низ тие некој хипотетички пра-облици.

Ама пошто веројатно не се е шетал по овоа поднебје и надземје, малце ќе му ги корегирам оригиналните тези. Малкучка само.

Оригинални Архетипове:

1. Атлета – идентификација со телото и шо корисно можеме со него да напраеме.
2. Војник – кога размислуваме ривалски и перцепираме конкуренција, градеме кариера, посветени сме на личен развој.
3. Државник – кога демек престануваме да мислеме на себе и се посветуваме на другите.
4. Дух – почнува инстинктивно да се препознаваме и капираме дека овоа тело и оваа земја не се нашио вечен дом и си ја тражеме вечната кафана или теретана у Универзумо.

‘Да бидеме реални’ Архетипови:

1. Аргета – мое тело е и ќе го тровам ја колку шо сакам, разбравме ли се?!
2. Двојник – кога копираме медиокритети, конформистички потпаѓаме под влијанија, навлечуваме се на срања.
3. Скржавник – нереализирани се запознаваме со андро/менопаузата, гледаме си само за себе, пошто цел живот за кој р’мбав а на крајо со газо у раците останав.
4. Ауспух – испрде не’ свето како да е петок попладне, и веќе сме едноставно небитни, малце повеќе од колку шо бевме пред да не испрде.

Текстот го преведе: Јукио Мишима
Читаше: Лазар Бараков

Посетено 190 пати