СТАВ: НАТО и ЕУ, таканаречена прослава 14. јули 2018 

За да дојдеме до ова што се случи пред некој ден, на 14.7. морам да направам мало потсетување. Критичката мисла која на извонреден начин ја отсликуваше реалноста преку анимација (мислам на Еднооки) ја укинаа едните, а авторот на истата другите го затворија. Со тоа умре и шансата за корекција на властодршциве кои се без исаф и срам во секој поглед. Мислев, после 11 години ќе дојдат поумни и ќе успеат да ја чујат мислата на народот и критиката, но…. Наместо тоа, втората водечка критичка мисла (сега мислам на К-15) првите во текот на 11 години ја растурија и мајката им ја расплакаа, а другиве, кога мислев дека ќе им дадат шанса повтрно да бидат критички настроени им дадоа задачи за кои не да не се дораснати, туку изгледаат како да им се наметнати и ги ставаат на нишан за подбив. Некого го направија бирократ, при што мислам на мојот другар и пријател Бубо Каров (се надевам дека тој не е креаторот на „овој чудесен свет“ што се случи на 14ти. На другиот, Бранко Огненовски, му дадоа проект (Фчерашни) кој инаку одлично го работи, а третиот отиде сургун во Австралија. Да бев на нивно место (политичарите) ќе ги зберев двете дружини за да им бидат коректор на глупостите и настаните со кои го урнисуваат достоинството на нашиот народ и држава.

Но, не! Нарцисоидиве повеќе љубат да слушаат „дека се многу умни и успешни“ и затоа не доведоа во овие дваесет и кусур години до ова дереџе.
За жалење е нашата култура која ги разедини бардовите на македонското глумиште и од нив направи марионети со ситно поткупување и бирање страна. Некои од нив ги затворивте… Да не мислите дека сегашните гласноговорници од културата нема да завршат на исти начин (во затвор или со кривични пријави)?! Сигурно ќе завршат, а на политичарите нема да им биде гајле за нив исто како ни за претходните. А јас само сакам да живеам во држава во која на иста сцеаната ќе ги видам Никола Ристановски, Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Тони Михајловски и плејада на други уметници како блескаат на штиците што живот значат и да уживам во нивните глумачки бравури. Но….. душманите им го одземаат правото да бидат идоли на идните генерации и ги закрвуваат до таа мера да не можат да се видат еден со друг, а не да играат заедно. Ете тоа го правите, копуци!

И конечно, за музикава:
Се нафрливте врз музикантите како од нив да зависи дали некој ве лаже за НАТО и ЕУ или не. Ги черечите како тие да се најголемите душмани… парите што ќе ги добијат од нас опљачканите македонски граѓани не се ни стоти дел од промилот од она што ни го прават другиве (на пример со дневниците и патните трошоци на македонските трутови во парламентот, Скопје 2014, корупција и сл). Затоа виновниците барајте ги на друго место (како и за настаните на 27.4)… познавам некои од учесниците музичари кои немаат дома струја да платат, а се национално обележје. Ете до тоа дереџе ги доведоа и едните и другите и сега згора на се ги имаат и вашите пизми! Олабавете малце!

Конечно доаѓаме до поентата:
Оние кои работат на разнебитување на македонските граѓани кои со години живеат мирен и културен градски живот, сега моно-котиледоните смислиле начин како да ги раскараат и последните кои го прават одржливо и препознатливо националното ткиво. Плукајки врз музикантите, незнаејки одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни. Во месинџер ми пишувате дека групата Меморија е една од чистите македонски музички херои. Точно е!!! Но е точно дека и Архангел, Кирил Џајковски, Љубојна, Бени и Нон-стоп, С.А.Ф., Фолтин, Нокаут, Чалгија Саунд Систем и сите други кои беа дел од „циркусот наречен НАТО и ЕУ“ се исто така херои на македонската музичка сцена.

ДЕБАКЛОТ НА ИДЕЈАТА (ЗА НАТО И ЕУ) НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА НАМАЛИ МУЗИЧКАТА ВРЕДНОСТ НА КОЛЕГИТЕ. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

искрено Ваш,
Петар Георгиевки – Камикза

КОМЕНТИРАЈТЕ!

Посетено 2.396 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!