Како знаеш дека си Балканец?

Делиш соба со брат/сестра до 27 години.

Се што јадеш мора да има или кромид или лук.

Твои се двата најголеми куфери на аеродромот.

Секогаш стигнуваш саат време подоцна на журката, и мислиш дека тоа е нормално.

Сите твои деца ги викаш „сине“.

Муабетиш цел саат пред врата со гостите што ги испраќаш.

Мајка ти те кара дека си слаб дури и ако имаш 15 кила вишок.

Не знаеш да користиш машина за миење садови, затоа што ти си машината за миење садови.

Имаш мушама на масата во кујна.

Ѓубрето го складираш во ќеси за пазарење.

Твоите не разбираат дека телефонските разговори со странство се значително подобрени во последниве две децении, па секогаш кога прават муабет со роднини од друга држава се дерат колку што ги држи глас.

Твојата 15-годишна сестра може да натпие просечен Американец.

Имаш целосно опремена модерна кујна, ама мајка ти сепак готви на тераса на стар шпорет.

Веруваш во гледање на турско кафе.

Баба ти е убедена дека промајата убива.

Прочитај повеќе на Pixel.mk

Посетено 15.214 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!