Ѓувеч со месо

jademe.mk

Вкусен ручек со ѓувеч од тегла. Мирисот и вкусот на ѓувеч со месо секогаш ме потсетуваат на градинка каде што го јадевме ова вкусно јадење

Состојки:

свинско месо – 400 грама
ѓувеч – 1 тегла
кромид – 1
компир – 2
ориз – 1 филџан
грашок – 1 филџан
сол, бибер, магдонос – по вкус

Инструкции:

На масло го пржиме ситно сецканиот кромид па го додаваме месото. Го динстаме додека месото не омекне 30%.

Сецкаме на коцки 2 компира. Во динстаното месо го додаваме ѓувечот, компирот, грашокот и оризот.

Ставаме сол, бибер и магдонос ситно сецкан. Промешуваме убаво и го заливаме со 250мл вода и оставаме да се крчка неколку минути. Потоа го печеме во рерна околу 30 минути на 180 степени.

Посетено 1.079 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!