Штрудла со јаболка

Штрудла со јаболка
Еден од оние колачи чиј вкус и мирис може да ве врати во детството секако е и штрудлата со јаболка.
Состојки:
Готови кори – 500 гр.
Јаболка – 700 гр.
Суво грозје – 80 гр.
Ореви – 50 гр.
Шеќер – 10 гр.
Свежо исцеден сок од лимон – 25 мл.
Ванилин шеќер – 10 гр.
Жолчка од јајце – 1
Шеќер во прав – 1 лажица
Инструкции:
Чекор 1:
Лиснатото тесто со помош на сукало истенчете го во форма на правоаголник.
Чекор 2:
На средината од кората ставете ги изренданите јаболка измешани со шеќер, сок од лимон, суво грозје, ореви и ванилин шеќер. Краевите споете ги преку полнетиот дел, прободете го тестото со виљушка на неколку места. Премачкајте со изматена жолчка и ставете го во садот кој претходно сте го испрале со ладна вода. Истиот процес повторете го со неколку кори.
Чекор 3:
Печете околу половина час на температура од 225 степени. Кога штрудлата е готова наросете ја со шеќер во прав.
Посетено 365 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!