Полнети црвени пиперки

Полнети црвени пиперки
Помеѓу рецептите кои слободно можат да го добијат епитот „македонски“ се наоѓа и тој за полнети црвени пиперки, специјалитет кој секоја есен и зима е неизбежен на нашата трпеза.
Состојки:
Црвени пиперки – 8-10
Мелено месо – 300 гр.
Ориз – 70 гр.
Кромид – 3 главици
Морков – 2
Лук – 2 чешниња
Сол и бибер – по вкус
Сув зачин – по вкус
Домат – 1
Инструкции:
Чекор 1:
Исчистете ја добро внатрешноста на пиперките. Измијте ги и секоја посебно засечете ја со нож во облик на крст од двете страни. Додека пиперките се варат низ тие крстиња филот полека ќе ја впива течноста од тепсијата.
Чекор 2:
Ситно исечкајте ги лукот и кромидот и пропржете ги на масло. Потоа во нив додајте ги изренданите моркови, меленото месо и оризот. Целата смеса пржете ја заедно. Зачинете со сув зачин и бибер.
Чекор 3:
Пиперките исчистете ги и наполнете ги со претходно подготвениот фил со мелено месо. Затворете ги со домат или пак со горниот дел (дршката) од самите пиперки. Наредете ги во тепсија и сипете вода (околу 2 сантиметри од дното) колку таа да дојде до половина од пиперките.
Чекор 4:
Тепсијата ставете ја на рингла и варете околу еден час. Во тој еден час пиперките свртете ги 2 до 3 пати и по потреба долевајте вода. Потоа префрлете ги во рерна и оставете да се печат половина час на 180 степени.
Посетено 382 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!