ТЕПАЧКА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА: Сe степаа снаа и свекрва сместени во иста канцеларија, ги разделил кумот – Фчерашни Новости

фото – slobodnamakedonija.com.mk

Како што дознаваме од извори блиски до Вруток во јавната администрација се јавуваат нови проблеми поради роднинските врски на вработените. Освен тоа што повеќе нема секс во администрација затоа што сите се роднини се јавуваат и други проблеми.

„Снаа и свекрва биле сместени во иста канцеларија од кадрово по што приватното нетрпение се префрлило и на работното место. Двете жени се со полесни повреди и пуштени на домашно лекување, а биле разделени од нивниот кум. Ова се случило кога во канцеларијата не бил сопругот на вработената и синот на вработената поради боледување“ велат од МВР.

Свекрва (лево), снаа (десно)

Според владата роднинските и фамилијарните вработување се добри и за воздухот затоа што цело семејство може со еден автомобил да оди на работа во иста институција.

Посетено 8.254 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!