ЕДЕН ПО ЕДЕН

Гледаш…
не снемува еден по еден.
Малку останавме
што во сенките гледаме стари другари
во ветровите – патокази
во пространствата – дом.

Ете…
не снемува еден по еден
Како да бевме многу
па вишокот мора да се отстрани.
На кого му пречиме вакви
сонливи, занесени, забегани
полу-улави… болно искрени…

И така…
не снемува еден по еден
залутани секој по своите музи.
Од нивната итрина прелажани.
демек – арно ќе ни било
пффф, едно арно…

Полека но сигурно
не снемува еден по еден.
Како ретки животни за отстрел
како екслузивна порција во елитен ресторан
како бегалци од деградацијата
што како цунами го преплавува
ветвото парталче наречено човечки род

Наместо да се размножуваме и клонираме
нас не снемува еден по еден
А не имаше доста. Ни се слушаше гласот
преку океаните дури го чуја.

Не сме ние за тука
не пратија да ги оплемениме кротките души
но р’ѓата не дава.
А… се позлатува ли р’ѓа?
Кородирал светот и тоа е тоа

а нас не снемува еден по еден.
Си заминуваме… а уште не сме ни дошле.

Посетено 5.486 пати (1 денес)