‘Дечки, ја немам Инстаграм!!!’

raka so insta

Гледам пред мене три девојчиња на возраст од околу 14тина години, како шетајќи прават есенско-идиличен самослик, интернационално попознат како ‘Селфи’, или што би рекле припадниците на ромската етничка мањина – ‘Силви’.

Откако ја утертипија правата слика после седумиљадидеветстопеесеиседум обиди, почнаа преговорите за каде да ја објават:

-Д1 (Д значи Девојче): Да ја шернам на Фејсбук?
-Д2: Може!!!
-Д3: Стави ја на Инстаграм бе.
-Д2: Е да бе, не може. Ја немам Инстаграм.

Ми се идеше онака родителски да и’ пристапам и со даскалски глас да и кажам:
– Како тоа немаш Инстаграм. Шо чекаш, одма да си направила. Па твои врснички веќе се сликаат како реноминарите ѕвезди од Brazzer. Па ти кај живееш? И после ќе кукаш зашто никој не те дружи! Шо треба, да идеш дома книги да читаш и музика да слушаш како некоја заостаната? Брзо да си активирала Инстаграм профил, и цели денови да скролаш и срциња да ставаш како сите нормални девојчиња. Срам те било. Свашата!!!

Посетено 4.413 пати