Да ви се спржи мозок на сите вас кои профитирате од маката и немоќта на обичниот народ, е така ќе ви кажам, без око да ми трепне! Кои и да сте!

Ѝ ги проверувам лековите на мајка ми од време на време. Неодговорна е. Заборава да си земе рецепти, заборава да ги купи, заборава да ги пие. Гледам нешто малку ми се. Дај ми ги наодиве од лекар да видам што ти препишале последно, ѝ велам. Ги бара божем пола саат, неволно ми ги подава. Што да видам. Се и сешто. Ги зела само основните. Ми вели „Не ми требаат тие другите, не одат на рецепта, докторката вика не мораш да ги зимаш“. Ги шкртнав на писулче и поминав од аптека накај дома. Едните 350, другите, обични капки за плакнење очи 500, третите за кои и мајка ми рече дека ќе ги земе деновиве за да ги пие, беа ни помалку ни повеќе туку 740 денари! Обични Б-витамини за хранење на мозокот! Мозок ми се спржи кога чув!

Да ви се спржи мозок на сите вас кои профитирате од маката и немоќта на обичниот народ, е така ќе ви кажам, без око да ми трепне! Кои и да сте!

Во шок и неверување излегов од аптеката, заедно со една постара госпоѓа која исто како мене негодуваше зошто немало лекови на рецепта, а тек било 13ти. Си го фати патот под нозе, најверојатно кон некоја друга аптека, а јас накај дома, замислена. Ја искарав мајка ми зошто не била одговорна, а таа се бранеше. Не за друго, нејќела да ми каже дека дополнителниве лекови ѝ се прескапи, за да не се залетам да ѝ ги купам како што се залетав и за да не се трошам. А јас си мислам, стара жена, заборава. Не, не заборавила таа ништо, јас за момент заборавив каде живеам, во држава во која здравјето е привилегија, а не право. Мака ми падна за сите зборови што ѝ ги кажав. Устата да ми се исуши! 
А на вас профитерите, рацете лоповски! 😡

Посетено 4.665 пати