BUGATTI BISTRO – Скопје Сити Мол

Единстветното, уникатно и амбинтално „Bugatti Bistro“ се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, лоцирано спроти одделот за храна. Покрај  затворениот има и отворен дел – тераса со поглед на Водно и западната страна на градот.

Приказната на „Бугатти“ не е нова, започнува уште пред многу, многу години. Во 1995 година беше отворен првиот ноќен клуб „Бугатти“  во Тетово, познат по многу живи свирки од поранешните ју-простори. По цели 18 години брендот „Бугатти“ се сели во Скопје со цел да ја продолжи долгогодишната традиција, задржувајќи го имиџот што имаше не само меѓу тетовци, туку и кај популацијата од цела Македонија. Претходно, уште во далечните 1980-тите години сспственикот беше познат и по ресторанот „Менада“ во Тетово, а спојот на двата бренда си го најдоа своето место во актуелното „Бугатти Бистро“ во Скопје во кое се обединети и двата сегмента – храна и музика.

BUGATTI Bistro-Logo 2014

Денешното бисто функционира со многу квалитетно мени за секој ден од денот за кој се задолжени врвни говачи од Прага, а во вечерните часови, покрај во храната, гостите може да уживаат и во клупска забава со наши познати музичари кои свират во повеќе жанрови, главно џез, рок и поп музика. На менито се наоѓа голем избор на јадења од италијанската кујна, од традиционална македонска кујна но и специјалитети уникатни и препознатливи само за кујната на „Бугатти“.

Името на бистрото е неслучајно одбрано, означнува бренд на најекслузивните автомобили со кој е поврзана пасијата на сопственикот за автомобилизмот, од што е дел и неговото 35-годишно колекционерство на минијатурни автомобили со сразмер 1:18. Во моментов тој поседува повеќе од 700 екслузивни и ретки колекционерски примероци кои се изложени во специјални витрини, а со кои дополнително е облагореден амбиентот на просторот. Бистрото од неодамна стана и официјален „Порше клуб“ со одобрување од централата на овој автомобилски бренд, бидејќи „Бугатти“ е дел од групацијата „Порше“.

Покрај оваа пасија сопственикот на „Бугати Бистро“ има посебна страст кон музиката и е најголем колекционер на ХиФи опрема во Европа. Во неговата вредна збирка се наоѓаат повеќе од 450 ХиФи уреди со високи перформанси, како и голем број на музички инструменти, меѓу кои најстариот е концертниот клавир Петроф од 1877 година. Дел од оваа завидна збирка, што може да се види во бистрото, е посветен на некои наши врвни музичари што е своевиден македонски мини „Хард Рок“. „Бугатти Бистро“ во рамки на својот концепт формираше и аудиофилски клуб кој ги обединува врвните познавачи, колекционери и љубители на квалитетната музика.

Оттука  „Бугатти Бистро“ не е само обичен ресторан, ниту кафуле, туку е обединувачки и единствен бренд кој во совршена комбинација ги спојува храната, музиката и страста кон автомобилизмот.

Посетено 1.007 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!