Брз сендвич со чаден лосос

[fblike]

brz-sendvic-so-chaden-losos pixelmk jadememk
Обичниот секојдневен сендвич секогаш може да стане нешто посебно доколку во него се додадат парчиња чаден лосос.
Состојки:
Интегрален леб – 4 кришки
Чаден лосос – 2 кришки
Крем сирење – 2 лажички
Краставица – 1
Домат – 1
Варено јајце – 1
Магдонос – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Добро сварете го јајцето во зовриена и потоа изладете го во ладна вода. Излупете го и исечете го на тенки кришки.
Чекор 2:
Лебот кусо потпечете го во тостер и загрејте го во рерна. Измијте ја краставицата и доматот и исечете ги на тенки кругови.
Чекор 3:
Сите четири кришки леб премачкајте ги со крем сирење. На две од четирите кришки наредете го лососот, вез него ставете ги кришките од варени јајца, круговите краставица и домат и поклопете го со друга кришка.
Добар апетит 🙂
Посетено 1.589 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!