Батките Бугари: ’Моля’?


Си седиме така со друшката моја на терасата во хотел Арте – Велинград, целосно опуштени, побегнати од МК депрата. На кратко, разбира се. Тука се муваат двајца Кинези и еден Бугарин и тераат спа – бизнис. Не се знае кој кого ќе го прелаже во зделката.

Си муабетиме необавезно со друшката моја:

– Аааа еве ги Кинезите ќе ги носи Бугаринов да ги шета
– Ќе ги прошета низ Велинград да ги промува
– Аааа.. маци, не, еве им ги оделата ги ставаат у багажник. Бугаринов ги носи на аеродром.

И така НИЕ КОНСТАТИРАВМЕ дека Кинезите ги испративме. Не беше теорема, аксиома, хипотеза, ами ноторна вистина во нашите релаксирани главички.

По некое време одам на спа – рецепција да си земам водичка и оп двајца Бугари и’ се обраќаат на рецепционерката и слушам ги бараат ’нашите’ Кинези.
Оооо… си викам не може вака да стојам од страна и да не помогнам, а ЗНАМ каде се Кинезите.
И тука отварам јако. И си мислам дека зборам бугарски (греотичка).

Даци: ’Кинезите отидоха на аеродрома’

Батките Бугари: ’Моля’?

Трепкаат и не им се верува која е ваа будал’та со бањарката, тртката на глава и водичката. Ама не престанувам. Жива сила не ме сопира.

Даци:’Какво търсите’?

Батки Бугари: ’Кинезитерапија’

Даци: ’Оооооо забравих. Вие казвате Китайци, така че мислех, че ги търсите Китайците. Ние ги казваме Кинези’.

Батките Бугари ми фрлаат поглед – ’доста мори жено, тргни се, напушти, одлепршај, заобиЏи’……….

Арно ми вика сопружникот – ’цело време збориш, колку да не е тишина’.

 

 

Посетено 1.088 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!