Баба ми и Мик Џегер, муабет на столетието!!!

Доручкувам, баба ми седи до мене и плете џепмери за престојната сезона, а на ТеВе врти УиЕјџУан – Класик. Почнува Гими Шелтер од Ролинг Стоунс и ја со пуна уста тивко почнувам да потпевнувам.

Тоа потпевнување ја натера баба ми за секунда да се заѕвери у екранот, да скенира шо се дешава таму и експресно да изреагира:

-Види овој колкава уста има! Може две песни да пее у исто време!!

Еве сеа по дома, чекаме да стигне медалот за шампион на денот и да и го врачиме!!!

 

Посетено 2.081 пати