Ванила ајс

Лани концепт, сега сериски модел – од летово, Opel Adam Rocks ќе зарика низ европските патишта и беспаќа со своите три цилиндри Opel Adam Rocks Забавен за возење, малиот Adam имаше големо влијание на продажните резултати на Opel. Полн погодок за Германците беше одлуката својата сериозна гама да ја разбијат со еден вака весел автомобил. Јасно беше дека Opel нема да го задржи овој модел во конзервативните рамки и уште лани во Женева ја најави неговата кабрио-кросовер варијанта Adam Rocks. И додека погледите на младите го просто впиваа алтернативниот пристап на концептот, сериозните фаци на одговорните на Opel јасно покажуваа дека здраво размислуваат кој алтернативен правец да го фатат за да Adam биде уште попривлечен. Природно, платнениот покрив кој електрично се собира зад главите на патниците, за 15 mm зголеменото растојание од подлогата и големите тркала останаа, а ним, во креирање на авантуристичкиот дух на Adam, им се придружи и новата трицилиндрична рок машина,Opel Adam Rocks 9 чиј турбо компресор од алуминиумскиот литар работна зафатнина истискува 90 или 115 коњски сили. За оние кои веруваат повеќе во себе отколку во најновите технологии, на располагање сé уште ќе бидат и 1,2 литарскиот мотор со 70 KS и две верзии на поголемиот 1,4 литарски мотор, со 87 и 100 KS. Цврстиот изглед не е огрубен со погон на сите тркала, иако тие се ослонети на малку покруто подвозје, колку да не треба се задржува здивот кога Adam Rocks ќе рика низ ридиштата во близина на европските метрополи. Вистински пренесувајќи ја целокупната идеја на дизајнерите на концептот во серискиот модел, Opel покажа зрелост која ретко се среќава кај големите производители. Прагматичноста да се понуди нешто радикално различно од поимањето што купувачите го имаат за оваа марка ќе им донесе многу нови имиња на нивните листи на клиенти, кои со своите евра ќе допринесат за зголемување на свежината на целата гама.

ВИДЕО[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=eMHAM__xiLk[/youtube]

Превземено од  Авто Магазин

Посетено 311 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!