Ама името не го дава!

– Не мрднал од Дојран и пијавиците подалеку, ама името не го дава!
– У цела фамилија само тој работи за 10 иљадарки месечно, ама името не го дава!
– Вози крнтија постара и од него, ама името не го дава!
– Живее у барака на распаѓање со 3 генерации од фамилија, ама името не го дава!
– Носи стари алишта, крпени и избледени, ама името не го дава!
– Никад не чул за кино, театар, концерт, ама името не го дава!
– Пушта бољер и машина за перење само на евтина струја, ама името не го дава!
– По дома се грее на дрва, на печка со ќумци, ама името не го дава!
– Јаде посен грав три дена по ред, ама името не го дава!
– Се помирил со судбината и изгубил надеж дека може подобро да живее, ама името не го дава!

Не го давај бе кога си запнал. Не те обвинувам, знам зошто не го даваш. Затоа што во оваа држава се друго ти е одземено, уште само тоа го имаш!

Посетено 2.532 пати (1 денес)