5 прашања кои треба да си ги поставите пред да се одлучите да се иселите во друг град поради љубов

[fblike]

Stocksy_txpe3fd01052As000_Small_206487

Никој никогаш не планира еден ден да се соочи со одлуката да го следи својот партнер во друг град или држава или пак да има врска која ќе ја одржува од далеку. Носењето на одлуката да го следиш својот партнер може да биде прилично тешка.
Постојат многу прашања кои ќе ве мачат доколку сакате да се преселите во друг град или држава поради својот партнер. Еве 5 прашања кои треба да си ги поставите пред да донесете одлука да се преселите поради љубов:
1. Дали навистина се селите поради љубов?
Понекогаш се чувствуваме како да ни е од се здосадено кога секој ден ќе почне да ни заликува на претходниот и да станува досаден. Се чини дека таа монотонија можеме да ја разбиеме со можноста да се преселиме во друго место за живеење.
Може да е навистина лесно да се направат големи промени со некого. Но, ова не е начин да се иселите поради интереси на вашиот партнер. Ако навистина чувствувате потреба да се иселите, тогаш најдете начин да го направите тоа поради вас и во вашиот термин кој вас ви одговара најмногу.

2. Знаете ли каква порака испраќате?
Да се иселите за да бидете со некого значи дека дозволувате работите да се одвиваат со огромна брзина. Доколку не живеете заедно ќе бидете во исчекување да почнете да го делите вашиот живот заедно имајќи го на ум фактот дека сте направиле толку голема промена во вашиот живот преселувајќи се во друг град или држава. После се, каде би живееле ако не сте заедно? Па вие сте донеле одлука да се преселите поради љубов.
Доколку не дојде до заеднички договор можеби ќе сакате да си останете дома. Со заедничкото селење на вас и вашиот партнер испраќате порака дека очекувате иднина со таа личност. Доколку не сакате, во тој случај прочитајте ја уште еднаш точката под број 1.

3. Дали таа личност е навистина вредна за да го сторите тоа?
Доколку сакате да го оставите зад себе вашиот целокупен живот во вашиот град тогаш треба да знаете дека вашиот партнер е целосно посветен на вашата заедничка врска. Оставајќи ги вашите пријатели и вашата работа можат навистина да бидат болни за вас. Одеднаш почнувате да живеете во градот на вашиот партнер и во неговиот дом. Се што ќе ви треба е вашиот партнер за се што ќе ви биде потребно во вашиот живот.
Треба да го знаете и фактот дека вашиот куфер ќе ви седи неотпакуван околу еден месец. Тоа е затоа што вашиот партнер нема да може да ви направи место за вашите алишта поради неговиот роднина кој живее заедно со него. Доколку вашиот партнер не е во можност да ви направи место за вашите алишта, бидете сигурни дека не е ниту во можност да ви биде поддршка понатаму во животот каде би се одлучиле да земете стан и да живеете сосема сами како возрасни луѓе.

4. Дали имате повеќе од љубов?
Љубовта е прекрасна, но таа не може да ве задржи заедно. Потребно е да размислите дали вие двајца имате нешто повеќе од љубов во вашите животи. Сите ние имаме лоши искуства со скршени срца иако постоела љубов.
Доколку се селите заедно со вашиот партнер, тој или таа треба да биде личност со која имате повеќе мултидимензионални конекции. Љубовта е само една проста емоција.

5. Дали вас ќе ви биде ОК преселувањето во ново место?
Доколку се иселите треба да бидете способни да ги надоместите сите работи од кои сте се откажале поради љубовта. Никој не ви гарантира дека иднината на вашата врска ќе биде со среќен крај.  Доколку се селите во прекрасен град можеби и ќе ви биде добро. Но, доколку се преселите во некој помал провинциски град сигурно ќе ви претставува голема тешкотија околината и луѓето и во тој случај нема да сте во можност да издржите.
Посетено 1.250 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!