…Ко Бушман пред флаша од КокаКола.

BatadjangoМи се јавуе зафчера Пиже и ми вика:
-batadjango шо праиш?
– Еве се вратив од Срна. Славевме 13.февруар, денот на швалерите.
– Не заебаај? Имаше гужва?
– Јок! Све швалери саморекламери. Нема кому да подариш средство
за чистење кармин од кошуља….Туку, кажуј шо те мучи?
-А бе знаеш, у недела иаме свечена промоција на сајтот ..па …види…
ова…
Збунет у пизду материну. Ко Бушман пред флаша од КокаКола.
У момент ми текнуе на ветуењето шо му го дадов па, почнујам да
се однесујам ко курва у панталони…Ипак, ми текнуе: требаше да му подарам текст за сајтот.
Отварам “времепроцентнометар” на негов сајт и шо да видам,
vremeВремето нема баш некое почитуење према обврските.
Наслонујам рука ко Роденовион кип, Мислител. Жими таквото Мислител.
Си наликујам на пијандура кој има вечи стаж од сите гости и персонал у кафеаната кај Рамче, со 85 денари у џеб, пред себе неиспиена чашка “брља” и билтен од кладилница а ливче од анализа на јетрени проби у џеб од кошуља низ кое ѕиркаат неверојатни резултати на трансаминази и билирубини.
Шо к*р сеа да пишујам? Се сеќаам дека чоеков ми рече: Пишуј све али, немој политика. Е, јебеш ти денес напишан састав у кој нема политика. Па и Џовани коа пишуе стихотворби учипуе малку политика.
Се осечам исто ко у фторо одделение коа требаше да напишам состав “Пролетта
пристигнуе у нашиот крај” коа го пцуев образовниот систем и мајка ми шо не ме абортирала.
Доаѓаш од школо, целиот одебен, со пуни џебои џамлии, руки ко шмиргла, искинати панталони од крадење цреши кај Орманци и очекујеш помош од твои блиски околу саставот за утрешниот ден. Нишо од тоа. Старата се учипила пред
ТВ. Глеа Бен Квик и и` било многу битно дали Клара ќе се омужела за младичот.
Стариот под Фичо…му се поебала лева баланштангла али и дихтунг на глава од мотор нешо не му е у ред и мотор му мешал уље и вода. Го боли него шо
пролетта пристигнуе у нашиот крај. Го боли него за цветовите, зелената трева, за ластовичките и штрковите. Баланштанглите и дихтунгот се негов проблем. Од блиски значи, никој не те рецка. Добијаш идеа:комшија Иле е супер ученик у
осмо одделение и он може да ти помогне. Али Иле у нужник. У реду, ќе навратам за пола саат. Пак звониш, Иле па у нужник. Имал запек. Мудамикики запек. Земал “Чик” или “Aдам и Ева” и дрка. Се откажуеш и од него.
Утрото, на први час, писмена. Тема: “Пролетта пристигнуе у нашиот крај”. Ко му ебе матер, почнујам. Се почешуеш зад уво, ѕиркаш лево кај Мите, десно кај Мимоза, напред и назад кај одличните. Сите исто.

Ластовички, кокичиња, зелена трева, сонце изгрева…Влагаш у такт и верглаш едно странаипол А4 формат. Доволно за Добар (3)…Оние, со по 2-3 напишани страни, Добар (3+) . Исти курац. И учителката да напишеше састав, на оваа тема, ќе си стаеше четворка.

Се откажујам од даље размислуење и решаам шо ќе им напишам на овие од
мајка ти и татко ти . Класика!

Од срце Ви посакувам успех во работата!
Со среќа и здравје да опстојувате многу, многу години!

 

Посетено 512 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!