Божем на панаѓур

Потрошувачко друштво, се распродава стварноста. Фантазијата е најскапа – три сирени за сто денари. Шопинг моловите и нивните ротациони врати осмислени да шашардисуваат шупелки. Коктели со високи штикли, кратки еспреса и експертизи. Од билбордот капе пена од пиво. Нападни реклами,...

Имагинарна

Кибритариме под цигарите, истураме надеж во чашите. Ќе си ги кажеме тајните, ќе си ги покажеме гаќите. Знаеме дека ќе се сакаме но не брзаме да се бакнеме. Твојот јазик нема клиторис, мојот не престанува да меле. Еден до друг со разбирање или еден во друг со стенкање? – никој н...

Нема живот без Кафетин

Ене ми ја главата на ТВ, куглаат со неа. На другата програма еден идиот ја џигери со бејзбол палка. Некој ми кажа дека ја видел како се тркала од врвот на Марково Крувче. Можам да се пофалам дека имам здрава домашна аптека, но кафетин нема ни за лек. Ѕирнав низ прозорецот да ...

Не се дише

Смогот смогна сили. Смрди на сиромаштија. Ќумбињата ќе ни ги изгорат дишните органи. Но не се виновни ложачите – што треба да прават, да се мрзнат? Зарем кога би биле во можност не би ги хранеле со суви дабови трупци? Немаштијата ги присилила да ги товат со сè што им е за фрлање....

Средина на Ноември

Религиозноста не е наследна, исто како и талентот за уметност. Смрзната бања, од носот капе вода. Наутро шака апчиња, навечер ракија. Рутините се линеарни, животот кружен тек. Собните цвеќиња на терасата чекаат температурата да падне под нула. Покрај кејот трчаат ве...

Еколошка

. Отпадоци од луѓе, цел град е полн со нив. Славеници на неумереноста кои зад себе оставаат видливи траги од изарчени задоволства – или, што би се рекло, гомненици. Да беа од добиток ќе можеше да послужат како ѓубриво. Ѓубриња со мозочни депонии. Нешто со што ни уличните чистач...

Сè ќе има нас ќе нè нема

Сè ќе има нас ќе нè нема – велеа баба ми и дедо ми. Нив веќе одамна ги нема, а и она сè, сè уште го нема. Можеби ќе го има кога нас ќе нè нема. 2004.

Рамнодушност

Се појави неосетно како наслага на годините како подарок подбрадок или како заслужен стомак болеста наречена рамнодушност кон сè што некогаш значело нешто од предизвик до радост па гадост од учење и потрага до заталканост па преку спознавање и искусување до неумислено непаметењ...

Скопска

Здрма силен земјотрес (полноќен и летен) и ги исплаши луѓето. Ништо не урна но ги растревожи луѓето. И сите излегоа надвор – пижамести, разголени, поспани, разбушавени. Соседи кои одвај се поздравуваа, соседи кои се немаа видено со месеци. Се групираа, коментираа, се качуваа ...

Во кожа сум им

Не сум човек кој лопатари отпосле. Да сум бил на самото место би одреагирал инстиктивно – или би спасувал или би ме спасувале. Сега, сите сакаат да бидат генерали онаму кај што требаат постари водници. Превенција или задоцнета интервенција? – елементарно прашање со прост одговор....