И тој терсене ко мене

Од немукает така баба ми велеше е така од немукает и јас ќора оти умот кај тебе ми беше (улава жена!) и при очи ништо не гледав никого ниту него а тука бил цело време додуше и тој терсене ко мене збор-алтан тука-а го нема ама питом и кроток убав чоек и низ годиниве да соб...

Драга моја 2015

Драга 2015 ти простувам за сиот бол сервиран во порцеланско чиниче декориран со разни дребулии натокмен со солени додатоци и озгора златно лајче еве ти простувам и за самотијава (за која искрена да бидам, виновна е и 2014) за ноќите минати на пенџере и џарење во уличните светла а...

Кога љубовта на раце ти венее

Има ли нешто поболно од тоа Жив чоек да закопаш Во душата своја гробно место да му направиш И внатре да го сместиш Иако уште срцето му го слушаш Бие исто како твоето И одекнува Нешто ти зборува А ти само со косата се покриваш И не слушаш Не го слушаш како цвили и преколнува И...

Kолку време треба за чоек да прегори

Колку треба за чоек да прегори за да му се пеплоса душата ништо од неа да не остане за да можи после од пепелта да воскресне небаре Феникс да се крени да замириса повторно на убост да се закрпи по рабовите кај шо се поткинал со главата горе со ликот повторно светнат со верб...

Колку ти тежи зборот

Велат, чоек тежи колку што му тежи зборот и ниту еден бадијала не е кажан оти не е ко да земиш песок в рака и да фрлиш низ ветар а не е ниту капка вода па да пуштиш в река низводно да оди оти зборот тежи некогаш ко планина на плеќите да носиш или синџир на нозете врзан ...

Сакав само да ти речам…

Сакав да ти речам… ете, време измина и не ме боли повеќе барем не толку за да посакам да ме нема и не толку за да си ги гризам усните крв да им пуштам за таму, ете таму нив да ги боли а не срцево не боли толку и не е така често повеќе ми е како сеќавање на болката како ло...

Дури и пеколот само девет кругови има

Ќе мине Ќе си минеме еден на друг Ти мене Јас тебе Ко да било во некој друг живот Толку одамна што нема да сме сигурни Ниту дали навистина сме си се случиле Ќе мине Ќе си минеме ко настинка Ко ништо никогаш да не било Ко да сме слушале приказна за некои ко нас И...

Која љубов на светов му остана????

Која бре љубов?!!! Се одродивме Станавме ѕверови со кафези во срцата И слободно шетаме околу Касаме Без усул Без трошка сочувство На туѓата мака како на заразна болест гледаме И рака не подаваме Небаре ќе ни се исуши ако некому помогнеме Пишуваме за љубов ...

Пушти ме да си одам

пушти ме да си одам дур вака простум можам да стојам дур снагава ме крепи и очиве се суви отвори го кафезот од коски кај градите што го имаш и пушти ме надвор ослободи ме не оставај ме да се удирам од решетките оти не ќе ти запејам така оти крилцава ми се кршат пушти ме пушти м...

Чудо од жени

моите жени се чудо… мајки со шест пара очи за чедата и уште два на тилот (за секој случај) љубовници кои купуваат долна облека во секс шопови и чорапи со жартери пред подзинатите продавачки сопруги кои меѓу перење и пеглање го затоплуваат ручекот и со насмев го пречекуваа...