Генерална проба

  Решив да повежбам умирање, да, токму така и не е воопшто морбидно, впрочем, секој треба барем еднаш да го стори тоа, за да не излезе ем умрен, ем смешен. Легнав в кревет, се истегнав колку што сум долга и (малку) широка, ги склопив рацете кај градите, замижав… ...

За покојникот се’ најдобро

Ете…и таа работа се заврши, но, да почнам отпочеток… Долго го спремав закопот, не знам што си мислев, не било лесно, не се закопувало човек туку-така. Прво беше барање поволно гробно место, (небаре покојникот знае каде лежи) потем копање дупка, доволно долга и широка,...

И повторно, на животот му се потсмеваш

_________________________________________ Му се потсмеваш на животот,пишувајќи ја смртта на бел ѕид, со дебели, црни и накривени налево, букви… И знаеш дека еден ден дрскоста скапо ќе ја платиш, тогаш кога ќе помислиш дека конечно се’ е во ред… Ја бојосуваш ко...

Како канцер душите да ни’ фатиле

Срцата си ги избраздивме дамки си оставивме како истурено црно вино на бел чаршаф ги извалкавме и боледуваме како канцер душите да ни’ фатиле а еден со друг внатре се носиме како трудница рожба во утроба како доилка млеко во градите како мајка стравот за чедото цел живот во умо...

А јас поинаку не умеам да љубам

Не знам, не научив љубовта да ја делам по денови, недели, години, или како во месарница како парче мртво месо да ја измерам па да тргнам колку ќе ти дадам денес издинстана на тивок оган со зачини внатре и посолена а останатото да го замрзнам за друг ден, не научив на милилитри да...

Можеби утрото ќе донесе само спокој

Се разбудив во туѓо тело, некое кое не го знам, со обриси кои не се мои, но, во мојот кревет, во мојот дом. Лежев така некое време, прво ги мрдав ножните прсти, потем колената ги свиткав, со рацете се напипував. Градиве некако поголеми ми се видоа на допир, а и косата ми ...

Како живо сребро низ душава ми лизгаш

Ми лизгаш низ прсти како вода како песок во стакленка како живот а доволно долго си тука за да оставиш капки зрно песок жиг во моето месо срцето си го колваш како ненајаден умираш секој ден со ситост во стомакот и глад во душата ставаш насмевка со леснотија како парфем на себе да...